Сала на престолот  

Место каде што владетелот ги чува сите статистички информации од сите аспекти на развојот на неговата империја: приход, трошоци, работна сила, производство, сите градби и истражувања, војска, освоени специјални ресурси.

Свет  

Свет или сервер - местото каде што се одвива една сезона. Само играчите од ист свет можат да комуницираат меѓусебно. Световите во "Големите луѓе" се национални или уште наречени и јазични како например португалски, шпански, бугарски итн., како и меѓународни, тука се собираат луѓе од различни националности.

Светско првенство  

Сезона  

Периодот помеѓу почетокот и крајот на еден свет. Периодот помеѓу кој сите поединечни Империи и сојузни поседи се развиваат економски и воено и се прошируваат на Глобалната мапа. Сезоната завршува на датум, одреден од администрацијата на Империја Онлајн.


За повеќе информација околу крајот на сезоната, кликнете овде.

Селани  

Жителите на провинциите и колониите.

Семејно стебло  

Шема што ги покажува фамилијарните врски помеѓу четирите поколенија на Императорската фамилија.

Сила на грабеж  

Параметар на единиците што го одредува бројот на убиени селани од само една единица од истиот вид.

Симулатор за битка  

Машина која им помага на играчите прецизно да си ги пресметаат битките за да го добијат очекуваниот воен резултат. Симулаторот за битка во Империја Онлајн ги вклучува сите компоненти кои ги има една битка: војска (на поле и во гарнизон), морал, воени истражувања, тврдина, одбранбени градби на тврдината, утврдување, формација, генерали. Меѓутоа играчите треба да особено да внимаваат на две работи:

- Извештајот од шпионажа не дава информација за непријателските воени истражувања, формацијата, точната вредност морал, утврдување и ров, затоа се препорачува да се пополнат соодветните полиња со најмалку 2 нивоа повисоки истражувања од сопствените;
- Кога моралот ќе падне под 50, шансата војската да избега од бојното поле и да изгуби, прогресивно се зголемува за 2% на секој поен под 50, затоа ако добиете симулиран извештај за победа со 49 или помалку морал, тогаш победата не е сигурна и на Вашата војска дефинитивно ѝ треба надоградување (промена на состав, формација, зголемување на бројот, надоградба на истражување итн.) пред да ја испратите во победничка мисија.

Симулатор за шпионажа  

Модул кој дозволува да ги внесете своите и противничките нивоа на Шпионажа/Контрашпионажа и бројот на шпиони, за да ги пресметате шансите за успешна шпионажа/контрашпионажа и/или бројот на возможно изгубени шпиони.

Шпионажата/Контрашпионажата работи по нова формула, што дава еднакви шанси за успех при еднакви нивоа на истражувањата и еднаков број на шпионите.

Слика на екран  

Слика од Глобалната мапа што се прави со иконата со мал фотоапарат во горниот десен агол на мапата. Сликата автоматски се зачувува на Вашиот компјутер.

Смена на корисничко име  

Опција во мени Подесувања која Ви овозможува да го смените името на Вашиот профил за моменталната сезона во конкретен свет. Смената е возможна во првите 3 дена од почетокт на сезоната во световите со брзина х4 и во првите 12 часа во световите со брзина х10. Условите за да се изврши смена на корисничкото име се следните:
- Новото име треба да биде слободно, т.е. да не постои друг профил со истото име.
- Опцијата е платена со дијаманти.
- Смената може да се побара само од сопственикот на профилот. Опцијата не е достапна за чувари на профилот.
- Избраното име треба да биде одобрено од администраторите на ИО, после коешто ќе се појави во играта.
- Во случај побараното име да биде отфрлено, дијамантите, потрошени за барањето, ќе бидат вратени во профилот, за коешто се добива системска порака од администратор.

Снабдувачка пратка  

Количеството злато кое одговара на 24-часовното издржување во злато на уништената војска и коешто го заработува победникот во битката. За Златото од снабдувачката пратка не е потребен капацитет на носивост за да биде транспортирано од бојното поле до Империјата на победникот. Уништување на непријателски товарни колички не носи снабдувачка пратка.

Сојуз  

Група од играчи кои меѓусебно ги споделуваат сопствените стратегии. Членовите на Сојуз собираат заеднички ресурси што ги инвестираат во сојузни истажувања кои имаат ефект на сите членови, водат војни, градат сојузни градби, шират културно и воено влијание. Сојузниците можат да се поддржуваат еден со друг во економски и воен поглед преку модот за трансфер на злато. Сојузите се рангираат во посебно рангирање на основа на вкупната сума од нето економските поени на сите играчи.

Напомена! Играч може да се придружи кон истиот сојуз само два пати.

Сојузен данок  

Се поставува од Лидерот, Првиот офицер или Офицерот-Финансист во четирите вида ресурси посебно, т.е. во индивидуални квоти со лимит 30% за секоја и се извлекува од сите членови.

Сојузен замок  

Замок со свои градби, веќе во сопственост на некој сојуз. Сојузниот замок се освојува само од сојузни војски испратени од собирен пункт или друг замок. Служи за ширење на културно и воено влијание по Глобалната мапа, по тој начин води до учество во борбата за освојување на светот.

За повеќе информација околу сојузните замоци, кликнете овде, овде, овде, овде и овде.

Сојузен посед  

Заеднички збор за сите места или зони на Глобалната мапа, над кои еден сојуз има контрола. Сојузните поседи се замоците и собирните пунктови.

Сојузен Премиум  

Пакет од бонуси кој се добива на месечна база и може да биде активиран независно од тоа дали сте дел од сојуз или не. Преку Сојузниот Премиум добивате вредни предности пред Вашите противници. Во случај да сте дел од сојуз, добивате бонуси дури и ако немате активен Сојузен Премиум, доволно е најмалку еден сојузник да биде претплатник. Меѓутоа со тоа што се претплаќате, го зголемувате вкупниот број на сојузните претплатници и соодветно и количеството и големината на бонусите. Колку повеќе претплатници, толку поголеми предности пред противниците. Сојузниот Премиум е на месечна база и еднаш активиран, тој се обновува автоматски на секои 30 календарски денови. Можете да го прекинете во секое време, но тогаш ќе ви бидат намалени или целосно прекратени бонусите после датумот кога би требало да заврши. При смена на сојуз, Вашиот Сојузен Премиум останува активен во Вашата империја и се додава/вади од вкупниот број на сојузните претплатници, кое пак соодветно ги зголемува/намалува бонусите, добивани од сите.

При највисоко ниво на бонусите, пакетот го вклучува следното:

- процентуален бонус на заштитата
- дневен бонус Задоволство
- процентуален бонус на капацитетот на касарните
- дневен часовен приход во ресурси
- процентуален бонус на наградите од Достигнувања
- бонус на лимитот за моментална изградба
- предмет Економски цртеж
- предмет Економски план
- легендарна Мистична кутија
- педмет за бонус на прирастот на населението
- процентуален бонус на нападот на војската
- процентуален бонус на капацитетот на транспортната станица
- процентуален бонус на брзината на војската
- дневен часовен приход во војска
- пониски цени на Империјалниот трговец
- бонус на лимитот на моменталното истражување
- предмет Воен цртеж
- предмет Воен план
- Епска мистична кутија
- следните шпионски пакети, кои вклучуваат информација за различни бонуси: Специјални ресурси и чуда, Сојузен развој и Сојузен премиуим, Морал, Воени предмети, Воени истражувања и Премиум.

Сојузен развој  

Сојузен гејмплеј модул кој им овозможува на членовите на сојуз да формираат внатрешни групи кои да работат заедно за да создаваат различни бонуси од кои има корист целиот сојуз. Повеќе информација може да прочитате овде.

Сојузен технолошки калкулатор  

Алатка каде што можете да го внесете моменталното ниво на одредена сојузна градба/сојузно истражување и нивото на Архитектура на Офицерот-Архитект/нивото Универзитет од Офицерот-Научник, со цел да ја пресметате цената на следното повисоко ниво. Тоа се наоѓа во Технолошкото стебло.

Сојузна администрација  

Секое ниво дозволува основање на два Собирни пункта ако сојузните поени се најмалку 5 000 000. Сојузната администрацијата одредува и колкаво количество ресурси им е дозволено на членовите да донираат. Процентите за донации почнуваат од 5% на нето економските поени на играчот во златен еквивалент за 1-во ниво и достигнуваат 33% за 15-то ниво. Секое ниво дозволува основање на уште 2 собирни пунктови и назначување на 1 командир. Максимално ниво - 15.

Сојузна взаемна помош  

Ако учествувате во сојуз, на секој 1 час може да барате помош од Вашите сојузници за побрза изградба/истражување на 1 градба или 1 истражување, кои моментално се во тек. Секој еден од Вашите сојузници ќе може да скрати по 1 минута од времето за изградба/истражување на посакуваната градба/истражување. Меѓусебната помош е ограничена само во рамките на сојузот и нема да може да им помагате на играчи надвор од него. Функционалноста може да ја пронајдете во Градскиот центар.

Сојузна војска  

Трупи, собрани во собирен пункт или во сојузен замок, а донирани од членовите на сојузот. Еднаш донирани, воените единици не можат да бидат повлечени. Под регрутација на војска се подразбира раст во нето економски поени, а под донирање војска, спротивното.

За повеќе информација околу сојузните трупи, кликнете овде.

Сојузна воена порака  

Порака која информира за напад на сојузната војска над непријателски посед или непријателски напад на некој од поседите во сопственост на сојузот; донации на војска и пристигнување на сојузна војска. Сојузните воени пораки пристигнуваат во розов плик и се чуваат во подменито Системски во мени Пораки, означени како Сојузни воене.

Сојузна порака  

Порака која може да се однесува на сите аспекти во контекст на еден сојуз - покани за сојуз, пораки кои информираат за промена во односите на сојузот или промена во сојузниот данок, сојузни воени извештаи, преместување на сојузна војска, донации на трупи, бонуси од опсег на влијание, избори за лидер и известувања за бесплатни војни. Сојузните пораки пристигнуваат во син плик и се чуваат во подменито Системски во мени Пораки, означени како Сојузни.

Сојузна ризница  

Местото каде што се собираат сите 4 вида ресурси, независно дали дошле како резултат на данокот од членовите или од ограничени доброволни донации.

Сојузни градби  

Порачани со четирите вида ресурси од сојузната ризница. Сојузните градби можат да се градат во собирните пунктови и сојузните замоци. Тие имаат различни ефекти - осигуруваат поголема одбрана на сојузниот посед или го прошируваат опсегот на влијание. Цената и времето им се намалуваат од нивото Архитектура на Офицерот-Архитект.

Сојузни донации  

Доброволни депозити, но сепак ограничени. Сојузната администрација го одредува максималното количество на донации на ресурси од членовите. Колку е повисоко нивото, толку повеќе ќе можат да донираат членовите. Процентите за донации почнуваат од 5% од златниот еквивалент на моменталните нето економски поени за 1-во ниво и достигнуваат 33% за 15-то ниво.

Членовите исто можат да донираат и дијаманти во сојузната ризница. Донирањето е ограничено, максималниот број е до 340000 дијаманти на ден. Можат да се донираат купени дијаманти и привремени дијаманти. Еднаш донирани, купените дијаманти се сметаат за привремени со времетраење од 336 часа. Привремените дијаманти се донираат со нивното моментално времетраење.

За повеќе информација околу донациите, кликнете овде.

Сојузни засилувања  

Сојузна механика која им овозможува на играчите да испраќаат војска во помош на своите сојузници. Испратената војска автоматски ќе се бори заедно со војската на примачот.

• Засилувања може да се праќаат само помеѓу играчите кои се наоѓаат во истиот сојуз. Новаците во сојузот не можат да праќаат и да примаат засилувања додека не бидат одобрени како полноправни членови на сојузот.
• Засилувања може да се испраќаат само кон провинции и колонии. Засилувања може да бидат испраќани само од провинции.
Издржувањето на засилувањата се плаќа од играчот кој ги примил сѐ додека се распоредени кај него. За време на патувањето, издржувањето се плаќа од испраќачот.
• Засилувањата се присоединуваат кон војската на примачот (ако има таква) и учествуваат во битка заедно со нив, како една цела војска. Не може да се праќаат генерали во засилување.
• Засилувањата учествувват во битка со воените истражувања на примачот. Нема услов примачот да откллучил повисока класа единици за да може да ги прими како засилување.
• Загубите на засилувањата се сметаат пропорционално според соодносот помеѓу војниците кои учествуваат од страна на примачот и војниците кои учествуваат како засилување. Пример: во битка учествуваат 1000 мечоносци на примачот и 2000 мечоносци од засилување, вкупно 3000 мечоносци. Во битката загинуваат вкупно 600 мечоносци од кои 200 ќе бидат на примачот и 400 ќе бидат од засилувањето.
• Обновувањето на загубени единици од засилување се пресметува на основа на процентите за обновување на примачот.
• Примачот не може да ги преместува засилувањата во посед, различен од оној кон којшто се испратени, или да ги користи во напад. Засилувањата не може да бидат распоредувани во гарнизон.
• Засилувањата можат да бидат повлечени од испраќачот во секое време. Засилувањата можат да бидат вратени од примачот во секое време. Ако остануваат помалку од 5 секунди до битката, засилувањата не можат да бидат повлечени или вратени.
• Засилувањата се враќаат автоматски кај испраќачот во следните случаи:
- ако примачот нема доволно злато за нивното издржување (премине на негативно злато);
- ако примачот или испраќачот го напуштат сојузот;
- ако примачот активира мод Одмор;
- ако примачот или испраќачот бидат блокирани;
- ако поседот во кој се наоѓаат засилувањата биде уништен.
• Засилувањата се видливи во шпионските извештаи, но испраќачот е анонимен.

- Сојузник може да добие војска во вредност не поголема од 50% од неговите нето економски поени.
- Сојузник може да испрати војска во засилување во вредност не поголема од 50% од златниот еквивалент на целата негова војска.
- Бројот на испратените и добиените засилувања по едно исто време е ограничен; може да испратите војска во засилување само на еден сојузник, како и да ја користите воената помош на еден од членовите на сојузот. Не е возможно да добиете или испратите повеќе од една мисија за засилување по едно исто време.


Засилувања може да се испраќаат преку опциите за секој сојузник во мени Сојуз -> Членови. Потоа можете да ги управувате од Команден центар.

Сојузни известувања  

Порака испратена кон сите членови на сојуз. Известувања можат да прават единствено лидерите и офицерите, тие пристигнуваат во виолетови пликови и се чуваат во подменито Известувања во мени Пораки. Тие се хронолошки прикажани - најстарите пораки се на дното на прозорецот, а најновите - на врвот.

Сојузни истражувања  

Се порачуваат со помош на четирите вида ресурси од сојузната ризница. Сојузните истражувања им додаваат дополнителни нивоа на личните истражени нивоа на сите членови. Нивната цена и време се намалени од нивото на Универзитот на Офицерот-Научник.

За повеќе информација околу сојузните истражувања кликнете овде.

Сојузни односи  

Дипломатска позиција спрема друг сојуз. За да влезат мировните односи во сила, потребна е потврда од спротивната страна. Укинувањето договор, како и објавување на непријателство или војна е еднострана акција.
Петте сојузни односи во Империја Онлајн: Мировен договор, ПН (Пакт за ненапаѓање), Неутралност, Непријателство и Војна.

За повеќе информација околу сојузните односи, кликнете овде.

Сојузни поени  

Вкупната сума на индивидуалните нето економски поени од сите членови.

Сојузник  

1. Член на ист сојуз.

2. Сојуз во ПН или Федерација.

Сојузно влијание  

Уникатната особина на сојузниот замок. Културното и военото влијание се распространува преку специјалната градба во замокот - Големиот Храм. Сојузното влијание доделува бонуси и придобивки за сојузничките Империи коишто се наоѓаат во опсегот на влијание и казни и минуси за воените непријатели. Доминација во влијанието води до освојување на Глобалната мапа коешто води до освојување на светот.

За повеќе информација околу сојузното влијание, кликнете овде, овде и овде.

Сојузно рангирање  

Сојузите се рангираат според 4 параметра: поени (вкупната сума на нето економските поени од сите членови), воени поени (освоени во војни и сојузни битки), вредност на сојузот (златен еквивалент вложен во сојузни истражувања, донирана војска и градби / 1000) и контролирани територии на Глобалната Мапа.

Соба за благородници  

Место од кое со дијаманти можете да купувате ковчези од кои гарантирано ќе добиете Големи луѓе. Возраста и вродените таленти на добиените благородници, се одредуваат на произволен принцип. Колку поретко е ковчежето, толку е поголема и шансата да Ви се падне благородник од соодветната реткост. Има можност да се падне благородник со шести вроден талент. Сите големи луѓе, купени од Собата за благородници, можат да бидат додавани во дел за благородници во дворецот. Во делот за благородници има неограничен број места.

Собирање  

Преместување на единиците од сите провинции кон една.

Собирен пункт  

Се наоѓа на Глобалната Мапа, на ова место се собираат сојузните војски и служи како појдовна точка во случај на воени мисии за освојување на замок или за напад на непријателски сојузен замок/собирен пункт.

За повеќе информација околу Собирните пунктови, кликнете овде.

Совет на старешини  

Секој ден во определено време во Вашата Империја се одржува Совет на старешините кој разгледува дали населението е среќно со Вашето владеење и решава дали да започне или запре немири или бунтови.

Советник  

Официјален советник за првите чекори на секој играч во Империја Онлајн. Советникот му помага на владетелот му помага да се ориентира во изгледот и главната механика на играта, подарувајќи му и примамливи награди. Советникот не присуствува вечно, чекорот за внесување на војската во гарнизон е последен. Кога ќе заврши, иконата исчезнува и играчот треба да продолжи сам. Читањето на официјалното упатство на игратс,Како да играм? (се наоѓа во менито на долниот лев агол од екранот), ќе му помогне на секој да стане експерт во играта и да игра со самодоверба.

Специјалист за опсада  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува лимитот на Опсадните машини кои истовремено можат да ја напаѓаат тврдината. Ниво 1: +2% лимит; Ниво 2: +4% лимит; Ниво 3: +6% лимит; Ниво 4: +10% лимит; Ниво 5: +15% лимит

Споменик  

Економска градба.
Вид: Локална
Максимално ниво: 15

Секое ниво Споменик дава дневен бонус од +2 Задоволство во Поседот.

Средна даночна стапка  

Четвртото даночно ниво. 20 злато од 100 работници на час. Одзема 30 Задоволство за 24 часа.

Средно задоволство  

Вредност на Задоволство, валидна за целата Империја и одредена од бројот население и локалната моментална вредност на Задоволство.

население на 1-вата провинција х Задоволство во 1-вата провинција + население на 2-рата провинција х Задоволство во 2-рата провинција (итн. ако има уште провинции) / населението од целата Империја = средното ниво на Задоволство во Империјата

Среќен данок  

Копче кое се наоѓа во менито за данок. Го поставува данокот во сите припоени провинции или колонии на даночната стапка при којашто билансот на задоволството ќе биде позитивен.

Статус на лојалност  

Покажува колку секој член е лојален кон сојузот. Лојалноста се пресметува на основа на времето поминато во сојузот и е поделена во три стадиуми кои ги одредуваат специјалните бонуси и секојдневните бонуси на Задоволство. Напуштањето на сојузот и повторното придружување или промената на позиција во самиот сојуз ги ресетира бонусите и бројачот за Статусот на лојалност започнува од почеток.

За повеќе информација околу стадиумите на Лојалност и бонусите, кликнете овде.

Стрелец (вид воена единица)  

Пешадиски единици што имаат дополнителни напади во почетокот на битката и одлични заштитници на Тврдини кога се во Гарнизон. Сите Стрелци можат да го напаѓаат непријателот од растојание, но имаат ограничена муниција. Имаат способност да ги напаѓаат единците во заштитничкиот Гарнизон за време на Напад на тврдина.

На Стрелците најдобро им се спротиставуваат Мечувалци и Коњаница.

Сите Стрелци се Далекострелни единици.
Сите Стрелци се Пешадиски единици.
Сите Стрелци имаат Приоритетно распоредување во Линијата на стрелци.
Сите Стрелци се обучуваат во Касарната за стрелци.

Заеднички способности на единиците:

+ Голем дострел
+ Поволна позиција
+ Прикриен оган
+ Дожд од стрели

- Ранливи од Мечувалци
- Ранливи од Коњаница
- Недостаток од ракопашен бој
- Слаб дух
- Тул

Список на единиците Стрелци:

- Лесен Стрелец
- Тежок Стрелец
- Елитен Стрелец
- Херојски стрелец

За повеќе податоци за стрелците, кликнете овде.