Мајор  

Воен чин доделен на играч со 50 000-74 999 воени поени.

Мајстор за опсадни машини  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето потребно за обика на сите Опсадни машини. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука

Мајстор за шпионажа  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Доделува дополнителни нивоа Шпионажа. Ниво 1: +1 ниво; Ниво 2: +2 нивоа; Ниво 3: +3 нивоа; Ниво 4: +4 нивоа; Ниво 5: +5 нивоа

Мајстор трговец  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува Трговскиот потенцијал на поседот. Ниво 1: +4% трговски потенцијал; Ниво 2: +6% трговски потенцијал; Ниво 3: +10% трговски потенцијал; Ниво 4: +14% трговски потенцијал; Ниво 5: +20% трговски потенцијал

Максимален капацитет на ресурси  

Максималното количество на секој вид ресурс, коешто може да се складира во провинцијата/колонијата пред да се замрзне производството. Се одредува од нивото на Тврдинта. Кога е достигнат максималниот капацитет, провинцијата/колонијата може да собере дури и поголеми количества, но производството запира се додека количеството не падне под лимитот или се изгради и активира ново ниво Тврдина.

За повеќе информација околу максималниот капацитет на ресурси, кликнете овде.

Мал фестивал  

Еднократен или постепен модификатор на задоволството, со позитивен локален или глобален ефект на моменталната локална вредност на Задоволство. Се организира на Градскиот плоштад и се плаќа во злато, во износ од 20% од населението на провинцијата, но ако започнете масовни мали фестивали во сите провинции, ќе платите половина цена. Основниот ефект на малите фестивали е +1 Задоволство, тоа се зголемува за 1 со секое ниво Градски плоштад. Може да биде организиран само еден мал фестивал на секои 24 часа.

Мапа на селото  

Мапата која ја покажува моменталната провинција со сите нејзини градби. Изгледот на мапата на селото зависи од нивото на Тврдината. Се променува кога ќе се изградат тврдини 4 и 7. Мапата на селото автоматски се вчитува при најавување во профилот, покажувајќи ја престолнината.

Маршал  

Воен чин доделен на играч со 750 000 - + ∞ воени поени.

Медал  

Воен орден кој се доделува на играчи со лични воени достигнувања за време на дадена сезона (Воин на денот), на играчи од топ 3 сојузите на крајот на дадена сезона, за учество и достигнувања во специјални турнирни светови, за учество во специјални настни. Се доделуваат и медали за достигнувања на сојузно ниво.

Медицина  

Единственото истражување коешто го зголемува прирастот на население (+5 по ниво).
Исто така ја зголемува и продолжителноста на животот на Големите луѓе.

Медицински научник  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува лимитот на Обновување на единиците после битка. Ниво 1: +1% лимит; Ниво 2: +2% лимит; Ниво 3: +3% лимит; Ниво 4: +4% лимит; Ниво 5: +6% лимит

Мечувалец (вид воена единица)  

Разновидни пешадиски единици што лесно преовладуваат над голем дел од другите единици. Мечувалците особено блескаат за време на Опсада на тврдина. Овие жилави војници се првите кои се тргнуваат против ѕидовите на непријателската Тврдина за време на Напад на тврдина и тие се повеќе од способни да ја преземат особено ако се подкрепени од доволен број Опсадни машини.

На Мечувалците најдобро им се спротиставува Коњаница.

Сите Мечувалци се единици за Блиска борба.
Сите Мечувалци се Пешадиски единици.
Сите Мечувалци имаат Приоритетно распоредување во Предна линија - Центар.
Сите Мечувалци се обучуваат во Касарната за пешадија.

Заеднички способности на единиците:

+ Напаѓачка трупа
+ Блиска борба

- Ранливи од Коњаница

Список на единиците:

- Лесен Мечувалец
- Тежок Мечувалец
- Гардист
- Херојски Мечувалец

За повеќе информација околу стрелците, кликнете овде.

Миграција  

Основен ефект на Задоволството. Ако задоволството е под 100, секогаш ќе имате загуби на население. Ако имате над 100 поени задоволство, нема да има позитивен ефект - нема да имигрира население во Вашата империја.

За повеќе информација околу миграцијата, кликнете овде.

Миграциска група  

Група од одреден број Империи (активни во последните 168 часа и со еднакви или приближно еднакви нето економски поени и време на регистрација) формирана секоја минута за да би се одредило која од нив ќе добие или изгуби население во моментот на дневна миграција, на основа на споредба на средното Задоволство.

Мирни времиња  

Период без војна или без непријателски напад.

Мировен договор  

Вид на сојузна спогодба во Империја Онлајн. Со неа се подразбира дека нема да има напади и војни помеѓу двата сојуза, а едниот од сојузниците ќе биде ослободен од данок за објавување на војна ако другиот е вовлечен во војна како бранител.

За повеќе информација околу мировниот договор, кликнете овде.

Мисија  

Маршот на трупите на пат до целта или на пат назад кон Империја од каде што тргнале. Војската на мисија е војска во движење којашто ќе нападне или веќе нападнала. Времето на мисиите се намалува со нивоа на Картографија и Воени коњи (во случај составот на војската да е само од коњанички единици) и Специјален ресурс 'Коњи', но никоја мисија не може да трае помалку од 2.5 минути во мирни времиња, и 10 минути во војна.

Млад поручник  

Воен чин доделен на играч со 7 500-14 999 воени поени.

Многу висока даночна стапка  

Шесто даночно ниво. 300 злато од 100 работници на час. Одзема 75 Задоволство за 24 часа.

Многу ниска даночна стапка  

Второто даночно ниво. 100 злато од 100 работници на час. Одзема 5 Задоволство за 24 часа.

Мобилизирање  

Допуштање на веќе обучените единици да излезат од касарните и да бидат распоредени на поле или во гарнизон. Ако групите на обука не се мобилизираат рачно, тие автоматски ќе се мобилизираат после 7 часа од крајот на обуката при првото најавување во профилот.

Напомена! Мобилизираните единици се распоредуваат во провинцијата од каде што биле регрутирани, НЕ во провинцијата од којашто се мобилизирани.

Мод Одмор  

Ги забранува сите напади кон Вашата Империја. Ако веќе има испратен напад кон Вашата Империја, иако е активиран модот Одмор, нападот ќе биде извршен. Модот Одмор го ЗАПИРА целото производство на ресурси, издржување на војска и прираст на население, а периодот од 168 часа за плаќање на кредитот, како и периодот на депозитот се прекинува до деактивирањето на модот. Сите градби и истражувања ќе продолжат да се градат додека завршат. Премиум членството нема да биде продолжено. Модот одмор не може да биде прекинат во првите 24/48 часа (во зависност од брзината на светот). За да ја искористите оваа услуга, потребни Ви се 1700 дијаманти.

* И модот одмор и празничната заштита, можат да бидат активирани доколку моментално немате војска на мисија, со исклучок на обиколка и преместување помеѓу поседите. Ве молиме имајте во предвид дека војската, која патува помеѓу поседите или е на обиколка за време на мод Одмор, продолжува да зема издржување.

Модификатор  

Фактор со позитивен или негативен ефект врз некоја статистика или карактеристика кој ѝ ги променува основните вредности.

Модификатор со глобален ефект  

Дневен или еднократен модификатор со ефект врз целата Империја, независно во која провинција/колонија бил применет.

За да го прочитате целиот список со модификатори со глобален ефект, кликнете овде.

Модификатор со локален ефект  

Дневен или еднократен модификатор со ефект само на провинцијата/колонијата во која бил применет.

За да го прочитате списокот со модификатори со локален ефект, кликнете овде.

Моите резултати  

Подмени во рангирањето по нето економски поени, кое овозможува споредба помеѓу моменталната состојба на профилот по различни показатели во конкретен ден од почетокот на сезоната, и највисокото достигнување по истите тие показатели во претходните сезони на светот. 5-те показатели се:
- нето економски поени;
- воени поени;
- градежни поени;
- технолошки поени;
- приход.

Моментален империјален транспорт  

Опција достапна за сите играчи, Премиум и обични, со којашто веднаш се растовараат ресурсите кои се движат помеѓу провинциите, колониите, трговските и воените станици наместо да се чека потребното време. Моменталниот транспорт е достапен само во мирни времиња. Владетелот не може да ја употребува опцијата додека е под напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментален колонијален транспорт  

Опција која моментално ги растовара товарните колички, независно дали пренесуваат ресурси или само патуваат, за, од или помеѓу колониите, освен ако Вашата Империја е под напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментален напад  

Моментално спроведување на битка против незавен град во вашата ексклузивна зона. За опецијата се потребни 170 дијаманти за една битка и подразбира дека војската веднаш ќе дојде до целта, ќе се бори и веднаш ќе се врати. Моменталниот напад не е достапен додека Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментална изградба  

Порано пуштање во употреба на градба. Се плаќа во дијаманти и важи само за градби на кои им останале помалку од 12 часа за изградба. За еден час изградба се потребни 170 дијаманти. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментална колонизација  

Опција која моментално го завршува патувањето на колонизаторите до посакуваниот терен на колонијата за 510 дијаманти на час, освен ако Вашата Империја е под напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментална обука  

Моментално завршување на обуката на единиците. Ако бројот на единици на обука и моментално поседуваните војници е под 5000, можете да ја користите опцијата бесплатно. Во спротивен случај, опцијата се плаќа со дијаманти. Само првата група за обука од редот за чекање во една провинција и една касарна може да биде моментално обучена. За секоја група на која и преостануваат помалку од 6 се потребни по 170 дијаманти. Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на времињата на преостанатите групи во редот. Моменталната обука не е достапна ако Империјата е под непријателски напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментално истражување  

Порано завршување на истражување. Опцијата се плаќа во дијаманти и е валидна само за истражувања на кои им преостануваат помалку од 3 часа*. За еден час истражување се потребни 510 дијаманти. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад**.

*Ова е основен лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок лимитот.

**Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Моментално пристигнување  

Опција достапна на сите играчи, Премиум и регуларни, којашто овозможува моментално завршување на мисиите за движење на војска помеѓу припоените провинции, без да се чека да помине потребното време. Моменталното пристигнување е достапно само во мирни времиња. Владетелот не може да ја употребува опцијата додека е под напад*.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Морал  

Борбениот дух на војската зависи од целокупното однесување на играчот. И двете војски запошнуваат да се борат со основен Морал 100.Моралот се зголемува преку нивоа на Воена подготовка, дневен бонус во сојузот за Лидери,Први Офицери и Команданти, како и од позитивна Чест, а може да биде намален заради негативна Чест и напади надвор од опсег. Секоја рунда Моралот паѓа паради замор и штета и кога ќе падне под 50 постои шанса, која прогресивно се зголемува, војската да избега.

За повеќе информација околу Моралот, кликнете овде, овде и овде.

Мрачната тврдина  

Глобален настан во световите на Империја Оналјн. Повеќе информација за глобалните настани може да прочитате овде.

Мулти  

Популарна кратенка за играч кој користи мултипрофили.

Мултипрофили  

Користење на повеќе од еден профил во истиот свет со цел интеракција и полза на нелегаленначин. Користењето на повеќе профили во ист свет е наполно забрането и се казнува со привремена или постојана забрана за пристап во профилите.

Пријава на сомнежи за користење повеќе профили се врши преку имејл: support_mk@imperialsupport.org. Играчот што пријавува, секогаш се проверува пред пријавениот.

Напомена! Слични кориснички имиња не се претпоставка за обвиненија за мултипрофили и дефинитивно НЕ СЕ веродостоен и разумен доказ.